Top Sport

Чеферин: Се надевам дека веќе никогаш нема да гледаме Мундијал во зима

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна дека не му се допаѓа зимскиот термин за организација на Мундијалот. Тој не се сомнева во организациските способности на Катар, но се надева дека Светското првенство никогаш веќе нема да се игра во ваков зимски период.

„Сигурен сум дека Светското првенство во Катар ќе биде фантастично организирано, но се надевам дека во иднина нема да има повеќе зимски Мундијал. Нѐ очекува спектакл, месец на фантастичен фудбал и верувам дека селекцијата од Европа повторно ќе ја освои титулата. Од 2006 година шампионот дојде од Европа, а пред четири години во Русија сите полуфиналисти беа од нашиот континент. Единствени кои се конкурентни се Бразил и Аргентина“, изјави првиот човек на европскиот фудбал.

Scroll to Top