Top Sport

Чуамени: Мбапе ме убедуваше да потпишам за ПСЖ

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиeн Чуамени, откри дека Килијан Мбапе го убедувал да се пресели во Пари Сен Жермен ова лето. Чуамени изјави дека двајцата разговарале за нивната иднина на крајот од минатата сезона кога се уште не се знаело во кој клуб ќе ја продолжат кариерата.

„Имав многу интересен разговор со Килијан. Тој сакаше да знае кои се моите планови, а ме интересираа и неговите планови. Во јуни тој одлучи да остане во ПСЖ и тогаш заедно со Преснел Кимпембе почнаа да ме убедуваат да се преселам во парискиот клуб. Сепак, мојата одлука ја донесов многу порано. Многу се смеевме“, изјави францускиот играч за врска.

По фантастичната сезона во Монако, Чуамени во летниот преоден рок ги засили редовите на Реал Мадрид. Досега во дресот на „кралевите“ одигра 17 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top