Top Sport

Кога Јошко го сретна Лео – како Меси „откина“ 30-тина милиони од вредноста на Хрватот

Јошко Гвардиол, несомнено, е еден од најдобрите дефанзивци на Светското првенство во Катар, со многу заинтересирани за 20-годишниот Хрват, но во полуфиналето против Аргентина, имаше несреќа на „налета“ на Лео Меси.

Аргентинската „десетка“ во второто полуреме, успеа трипати да го „прелаже“ дефанзивецот, кој наместо да направи фаул (и да добие жолт картон), му дозволи да направи фантастична асистенција за 3:0. Секако, тоа не го намалува неговиот квалитет, посебно бидејќи има само 20 години, но на социјалните мрежи се шегуваат дека со овој потег му „избриша“ 30 милиони од вредноста пред најавеното заминување од РБ Лајпциг.

Scroll to Top