Жозе Мурињо посочи дека Деле Али создал проблеми за сопствениот тим, откако го извади англискиот репрезентативец од игра при 3:1 победата над Стоук во Карабао купот, предизвикувајќи бурна реакција на фудбалерот.
Али, кој е поврзуван со трансфер во ПСЖ веќе во јануари, доби шанса да биде стартер во мечот од лига купот, но беше виновен за губењето на топката по која дозволи Стоук да израмни во второто полувреме. „Твојата игра не чинеше гол“, се слушна Мурињо како му довикува на Али, а потоа го извади одигра.
„За мене, играч кој игра на таа позиција е играч кој мора да креира шанси, а не да креира проблеми за својот тим“, изјави Мурињо по мечот.
??Tottenham Hotspur boss José Mourinho on Spurs midfielder Dele Alli’s flick:
?”For me a player that plays in that position is a player that has to link and create, not to create problems for his own team. I was angry.”#THFC #COYS #STKTOT #CarabaoCuppic.twitter.com/Vu2tnM3ZJq
— Last Word On Spurs? (@LastWordOnSpurs) December 23, 2020