Француските репрезентативци и соиграчи од Барселона, Антоан Гризман и Усман Дембеле тврдат дека не се расисти откако во нивната татковина се крена многу прашина околу едно видео во кое Дембеле се потсмева со Азијците, а Гризман се смее.
Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, се верува дека е направено во 2019 година, кога Барселона гостувала во Јапонија и се покажува како двајцата се во хотелска соба, а персоналот се обидува да го поправи телевизорот за да играат ПЕС, и Дембеле се потсмева со јазикот и со изгледот на луѓето, а Гризман се смее на коментарите.
Гризман се јави на Твитер.
„Секогаш сум бил посветен против секоја форма на дискриминација. Последните неколку денови некои луѓе сакаат да ме претстават како човек каков што сигурно не сум. Ги отфрлам обвинувањата и се извинувам ако ги навредив јапонските пријатели“, напиша Гризман.
И 24-годишниот Дембеле се јави преку социјалните мрежи.
„Тие сцени се случија во Јапонија, но и да беа на било кое друго место на планетата ќе ги искористев истите изрази. Понекогаш ги кажувам тие работи приватно, со моите пријатели без разлика на потеклото, но препознавам дека некој може да се најде навреден и затоа се извинувам“, напиша Дембеле.
Дембеле и Гризман обвинети за расизам по неверојатното видео!