Top Sport

Џерард поставен за тренер, а Фелипе Кутињо и Дарко Велковски соиграчи во тимот на Ал Етифак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ќе биде опкружен со ѕвезди од Премиерлигата во новата сезона во Саудиска Арабија. Од вчера нов шеф на стручниот штаб на Ал Етифак е англиската легенда Стивен Џерард, а многу брзо на тимот треба да му се приклучи и Фелипе Кутињо.

Џерард и Кутињо соработуваа во Астон Вила, па тој сака да го има и во составот на Ал Етифак.

Кутињо е поранешна ѕвезда на Ливерпул и на Барселона. Неговиот трансфер од „Енфилд роуд“ во каталонскиот гигант во 2017 година беше од најголемите во историјата на фудбалот.

 

Scroll to Top