Англискиот премиерлигаш Лестер има нов менаџер. Станува збор за Дин Смит, кој потпиша договор до крајот на сезоната. 52-годишниот стратег доаѓа на местото на неодамна отпуштениот Брендан Роџерс.
Во стручниот штаб на Смит е и легендата на Челси, Џон Тери. Поранешниот англиски репрезентативец му беше помошник и во Астон Вила.
Дин Смит последен пат беше на чело на Норич, но се раздели во декември минатата година.
Лестер по 30. коло во Премиерлигата го зазема претпоследното 19. место на табелата со 25 бода.
Викендов „лисиците“ загубија со 0:1 на домашен терен од Борнмут.
We are pleased to announce the appointment of Dean Smith as the Club’s First Team Manager until the end of the 22/23 season 🔷
— Leicester City (@LCFC) April 10, 2023