Top Sport

Ѕвездите на Челси лути по говорот на газдата во соблекувалната

Газдата на Челси, Тод Бели повторно е на насловните страници на англиските медиуми, откако по засрамувачкиот домашен пораз од Брајтон, заедно со членовите на бордот, Ханјорг Вис и Бехдад Егбали, им одржал говор во кој ги опишал нивните резултати како засрамувачки.

Според „Гардијан“, американскиот миијардер Бели покрај општите критики за целиот тим, издвоил и едно од скапите засилувања, фудбалер кој пристигнал во последните 12 месеци на „Стемфорд Бриџ“. Идентитентот на фудбалерот не е откриен, а Челси ги купија Енцо Фернандез, Михајло Мудрик, Весли Фофана, Марк Кукурелја, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашил и Калиду Кулибали во категорија на скапи фудбалери. Покрај тоа, Бели решил да влезе во соблекувалната на тимот без да го информира за тоа преодниот менаџер Френк Лампард.

Самиот Лампард и голманот Кепа Аризабалага го бранеа американскиот газда јавно, велејќи дека немаат проблем со тоа членови на бордот да влегуваат во соблекувалната.

Scroll to Top