Светската фудбалска федерација (ФИФА) е подготвена да го блокира предлогот на УЕФА за проширена Лига на нација во која ќе учествуваат сите 10 јужноамерикански репрезентации, во продолжување на политичката борба за контрола на интернационалниот календар, јавуваат биртанските медиуми.
ФИФА подолго време ја планира промената на календарот со Светски првенства на секои две години, и верува дека ја има поддршката на мнозинството 211 национални федерации, но сега добива „контра“ од УЕФА и јужноамериканската ЦОНМЕБОЛ, кои потпишаа меморандум за соработка со организација на меч помеѓу шампионот од Копа Америка (Аргентина) и ЕП (Италија), наречен „Финалисима“ и со проширување на Лигата на нации.
Азиската фудбалска конфередерација (АФЦ) и ЦОНЦАЦАФ, конфедерацијата на репрезентациите од Северна и Централна Америка се фрустрирани од развојот на настаните и се подготвени да гласаат за СП на две години, додека ФИФА подготвува блокада на Лигата на нации и во исто време предложува нова Суперлига за национални тимови на состанокот на ФИФА во понеделник.
Десетте јужноамерикански нации ќе играат во Лигата на нации на УЕФА?