Top Sport

Анадолу Ефес полесно дише по триумфот над Жалгирис

Кошаркарите на Анадолу Ефес на домашен терен го победија Жалгирис со 80:70 во 22. коло од Евролигата. Двократниот шампион на Европа се мачи оваа сезона, доживеа премногу неочекувани порази и пласманот во плеј-офот го стави под неизвесност, но малку полесно ќе дише по овој триумф.

Тимот од Истанбул сега има ефект 11-11 и е израмнет во поредокот со Партизан и со Макаби.

Жалгирис диктираше ритам во првата четвртина, но периодот заврши со 16:16.

Во вториот дел европскиот шампион ја „стегна“ одбраната и полека, но сигурно почна да го „крши“ литванскиот тим. Жалигирис не ги најде вистинските решенија во нападот, па Ефес замина на полувреме со десет поени предност.

Сепак, Жалгирис не се предаде лесно. Гостите дојдоа до 72:70 во последниот период, искористувајќи ја конфузијата во домашниот тим и внесоа страв од нов неуспех во редовите на Ефес.

На крајот, сепак, Лакрин и Клајбурн ја презедоа одговорноста, погодија за 76:70 и го решија мечот.

Најдобар во редовите на победникот беше Вил Клајбурн со 19 поени.

Scroll to Top