Плејмејкерот на Манчестер сити и на англиската репрезентација, Фил Фоден го пофали менаџерот Герет Саутгејт што му дал втора шанса откако тој беше вклучен во секс-скандалот со две исландски девојки минатата година.
Фоден и неговиот пријател, ѕвездата на Манчестер сити, Мејсон Гринвуд во септември беа пратени дома откако дебитираа за репрезентацијата со победата над Исланд, откако „прошверцуваа“ две девојки во хотелот во кој беа сместени, така прекршувајќи ги правилата за изолација поради КОВИД-19.
Фоден паузираше до ноември, додека Гринвуд доби повик од Саутегејт во мај, кога беше вклучен во тимот за ЕУРО 2020, пред да сеп овлече поради повреда.
„Тоа беше голема грешка. Бев млад. Но, Герет ми кажа да продолжам со добрите игри и дека ќе добијам голема шанса. Нема многу тренери кои ќе ти дадат таква шанса и морам да му заблагодарам за тоа“, вели Фоден, кој имаше 16 гола и 10 асистенции за Манчестер сити минатата сезона.
Се појави видео од разговорот на Фоден и Гринвуд со исландските девојки