Каталонскиот гигант Барселона инсистира Френки де Јонг да замине од „Камп Ноу“ ова лето или да се согласи на намалување на платата. Сепак, холандскиот фудбалер нема да се откаже од своите права. Напротив, ги ангажирал најдобрите адвокати кои ќе го водат процесот.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Де Јонг е разочаран од начинот на кој клубот сака да го оцрни неговото име. Продолжувањето на договорот на Де Јонг од октомври 2020 година е сомнително и предмет на властите, заедно со договорите на Пике, Тер-Штеген и на Ленгле.
Додека Пике и Тер-Штеген се подготвени да прифатат намалување на платата, Де Јонг не ни помислува да се согласи.
Неговите претставници изјавија дека има 0% шанси Де Јонг да потпише спогодба и дека целата работа ќе ја препушти на адвокатите кои ќе дејствуваат согласно регулативите на Ла Лига, ФИФА и на УЕФА.