Судијата Пјеро Џакомели, на својот профил на „Фејсбук“ имал слика од Франческо Тоти, поради што Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИЦГ) покрена истрага против него.
Џакомели минатата недела предизвика низа котроверзи кога го судеше натпреварот Лацио-Торино (1:3). тој најпрвин не досуди пенал за Лацио, а потоа му покажа директен црвен картон на напаѓачот на овој клуб Чиро Имобиле.
Потоа се појавија шпекулации дека Џакомели под псевдонимот „Џек О’Мели“ имал профил на „Фејсбук“, на кој има и негова слика со легендарниот капитен на Рома Франческо Тоти.
На судиите им е дозволено да имаат профили на „Фејсбук“, но не им е дозволено да разговарата за фудбалот.
Џакомели во својот роден град Трст псоедува кафе бар, а според медиумите фотографијата со Тоти ја користел како реклама за својот угостителски објект.
Истрагата на ФИГЦ не се однесува на тоа дека Џакомели навивал за противникот на Лацио, туку поради тоа што ги прекршил правилата за користење на „Фејсбук“ профилот.
И покрај то ашто се води истрага против него, тој оваа недела ќе го суди Куп натпреварот помеѓу Аталанта и Сасуоло.
Ресторанот на судијата Џакомели на удар на фановите на Лацио