Тројца навивачи на италијанскиот клуб Авелино се уапсени за напад на фудбалерот Клаудиу Миковски, кого го натерале да се соблече по поразот од Фоџа во плејофот во Серија Ц, јавуваат италијанските медиуми.
Инцидентот се случил на 4 мај по поразот на Авелино од 2:1, со кој испаднаа пред четвртфиналето за влез во Серија Б, по што ултрасите прво веднаш по мечот се обиделе да стигнат до фудбалерите, но полицијата го спречила тоа.
Сепак, подоцна истата вечер, тие го „начекале“ романскиот фудбалер Миковски кој одел дом во автомобил, по што го сопреле и го натерале да се соблече гол, порачувајќи му дека не е вреден да ги носи боите на клубот.
Calciatore dell’#Avellino denudato dopo la sconfitta ai playoff contro il #Foggia: 3 #ultras arrestati. https://t.co/v4yCXYhBv9
— Adnkronos (@Adnkronos) May 23, 2022