Top Sport

Гвардиола ја продолжи „војната“ со Реал: Се надевам дека сега се среќни

Пеп Гвардиола не „застанува“ во борбата со Реал Мадрид и нивниот тренер Сантијаго Солари по коментарите за кои беше обвинет дека покажува недостаток на почит кон актуелните европски шампиони.

Во јануари, менаџерот на Манчестер сити изјави дека најдобрите три клуба минатата деценија се Барселона, Баерн Минхен и Јувентус поради тоа што постојано освојуваат титули во земјата и се конкуренти во Европа. Овие коментари не поминаа најдобро во Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ ја освои титулата четири пати во последните пет години и Солари инсистираше дека Гвардиола намерно не го споменал Реал за да предизвика реакција.

Сега, тој повторно „удри“ на ривалите, откако одговори на коментар дека Сити е најдобар клуб во Европа.

„Ви благодарам многу, но јас ќе бидам добар за навивачите на Мадрид, кои ми се лутат и кои велат дека најдобриот тим во Европа е Реал Мадрид. Бидејќи да, во последните три години тие победуваа и мислам дека се убедливо најдобриот тим во Европа. Но, Реал Мадрид не се најдобриот тим во последната деценија ако се бројат лигашките титули и куповите, бидејќи Јувентус, Барселона и Баерн Минхен имаат по шест-седум такви титули, а тие имаат само две. Сега сум сигурен дека Солари го разбира мојот одговор подобро. Сигурен сум дека се среќни сега“, вели Гвардиола.

Фото: ЕПА

Солари: Во историјата не постои подобар клуб од Реал

Scroll to Top