Top Sport

Хакими и неговата мајка добија совршен мурал во Барселона

Ашраф Хакими сите победи на Мундијалот ги прослави со семејството, пред се со својата мајка, кон која прва знаеше да истрча откако судијата ќе означи крај.

Мароко е една од најубавите приказни на Светското првенство во Катар. Мароканците станаа првата африканска земја во полуфиналето на Светското првенство, но не успеаја да победат во полуфиналето против Франција.

Одиграа добар натпревар, создаваа шанси, но на крајот загубија со 2:0.

Родителите на Хакими направиле многу жртви за да му обезбедат безгрижно детство, а тој не го заборавил тоа и им е вечно благодарен.

„Мајка ми чистеше куќи, а татко ми беше уличен продавач. Потекнуваме од скромно семејство кое напорно работеше за да заработи за живот. Денеска се борам за нив секој ден. Тие се жртвуваа за мене“, изјави во една прилика Хакими.

Средбата меѓу Хакими и неговата мајка послужи како инспирација за уметниците кои го искористија детаљот кога неговата мајка го бакнува да создадат совршен мурал во Барселона. Тоа е дело на уметникот по име Nadiemedicearte, кој сакаше да им оддаде почит на мајките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadie me dice Arte (@nadiemedicearte)

Scroll to Top