Фудбалскиот клуб Динамо Загреб во екот на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 реши да повлече радикален потег. Челниците решија да ги отпуштат сите помошници на тренерот Ненад Бјелица.
Динамо го повлече овој потег откако тренерите и фудбалерите н првиот тим го одбиле предлогот за намалување на платите.
Меѓу отпуштените се и Рене Помс и Мартин Мејер со кои тренерот Бјелица соработува од почетокот на својата кариера.
Хрватските медиуми објавија дека челниците на Динамо донеле одлука на сите во клубот платите да им бидат намалени за 30 отсто до 30 септември.
Најниската плата кај фудбалерите е 100.000, а највисоката 800.000 евра, додека тренерот Бјелица има годишна плата од 1,5 милиони евра.
Исто така челниците решиле сопствените примања да ги намалат за 60 отсто.