Top Sport

Икер Касилјас ги избра петте најдобри голмани на денешницата

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касилјас, ги избра своите пет најдобри голмани на денешницата. Тој го смести Мануел Нојер од Баерн на петтото место. Четврти е Марк-Андре тер Штеген кој брани за Барселона, додека трет е Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Второто место на листата на Касилјас го држи голманот на Манчестер Сити, Едерсон.

Легендарниот Шпанец за најдобар го смета Тибо Куртоа, актуелниот голман на Реал Мадрид.

Касилјас цели 16 сезони го чуваше голот на Реал, односно на вкупно 725 натпревари. Покрај тоа, Касилјас помина пет години во Порто и одигра 156 натпревари.

Scroll to Top