Top Sport

Робертсон на листата ‘повредени’ кај Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул остана и без Енди Робертсон. Шкотскиот лев бек заработи повреда на коленото поради која ќе пропушти одреден период од сезоната.

Тој нема да биде дел од тимот на утрешниот натпревар против Ајакс во Лигата на шампионите. Јирген Клоп како опција ќе го има Костас Цимикас, кој редовно е замена за Робертсон на левата бековска позиција.

Ливерпул оваа сезона се соочува со голем број повреди. Од почетокот на сезоната не можеа да сметаат на Наби Кеита, Алекс Окслејд-Чемберлен, Диого Жота, Роберто Фирмино, Ибрахима Конате, Жоел Матип, а сега им се приклучи и Робертсон.

Scroll to Top