Германскиот интернационалец Илкај Гундоган ова лето ќе го напушти Манчестер Сити. Тој веќе го информирал Пеп Гвардиола за својата одлука и итно резервирал лет за Мадрид.
Гундоган до оваа сезона беше незаменлив, дури и капитен на тимот на мечевите на кои беше стартер, но потоа Пеп Гвардиола многу почесто да го користи триото Родри, Бернардо Силва и Де Брујне во средниот ред.
Германецот смета дека е во момент од кариерата кога е подготвен да биде стартер на секој натпревар и тоа е причината за неговото незадоволство.
Не е тајна дека и претходно беше цел на Реал Мадрид, но, сепак, се уште не е познато дали „кралскиот“ клуб ќе биде неговата следна дестинација.
Гундоган е шест години дел од Манчестер Сити и наводно чувствува некаква заситеност. Пеп Гвардиола би можел малку да го промени составот, бидејќи тешко е да се одржи овој ритам со речиси ист среден ред.