Top Sport

Иранците бараат ФИФА да ги исфрли САД од Мундијалот

Иран и САД утре во меѓусебна пресметка од групата Б ќе одлучуваат за пласманот во осминафиналето на Светското првенство. Во пресрет на овој дуел, Иранците бараат САД да бидат исфрлени од турнирот во Катар, а притоа и Американците да добијат и суспензија од десет натпревари, повикувајќи се на правилник на ФИФА.

dobivaj vesti na viber

Причина за тоа е што Американската фудбалска федерација објави знаме на Иран на социјалните мрежи, но без исламските обележја.

„Во непрофесионален чин, Инстаграм страницата на Американската фудбалска федерација го отстрани од нашето знаме делот испишан на арапски јазик. Иранскиот фудбалски сојуз со писмо до ФИФА официјално бара да се испрати сериозна опомена до САД и исфрлање на нивната репрезентација од Мундијалот, со суспензија од десет меча, според правилата на ФИФА“ – пренесува иранската државна агенција, ИРНА.

Знамете стоеше 24 часа на социјалните мрежи. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека нема никаква врска со постот на сојузот.

„Очекуваме мирен натпревар и борбен во духот на спортот на терен. САД ќе продолжи да бара начини за поддршка на иранскиот народ во соочувањето со државно-спонзорираното насилство над жените и бруталната репресија над демонстрантите“ – се вели во соопштението од Стејт Депарментот.

Scroll to Top