На улиците на Буенос Аирес цело утро владее апсолутен хаос на пречекот на фудбалерите.
Авионот со светските шампиони од Катар слета рано наутро по средноевропско време во Буенос Аирес. Илјадници Аргентинци излегоа да ги поздрават националните херои.
Последен пат ваква прослава низ улиците на Буенос Аирес имаше во 1986 година, кога Диего Марадона со соиграчите ја освоија втората светска титула.
¡IMPACTANTE! Rodri De Paul filmó desde el micro de los campeones del mundo el recibimiento de la gente en Argentina. pic.twitter.com/2kVfKOh3Zk
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022
Инаку, прославата можеше да се претвори во вистинска трагедија, која била избегната во последен момент.
Имено, Леандро Паредес, Родриго де Пол, Лионел Меси, Анхел ди Марија и Николас Отаменди биле во задниот дел на врвот на автобусот кој ги возел низ улиците на Буенос Аирес.
Додека пееле и ги поздравувале фановите наишле на жици од далновод. За среќа, тие навреме ги наведнале главите и го избегнаа најлошото.
Паредес во таа прилика остана без капата.
Погледнете како изгледаше се на приложеното видео.
¡CUIDADO CON LOS CABLES MUCHACHOS! Insólito momento en la llegada de los campeones del mundo a Argentina.
Se le voló la gorra a Leandro Paredes. pic.twitter.com/mUfGmOTQdU
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022