Top Sport

Јан Зомер по шест месеци ќе го напушти Баерн Минхен

Баерн Минхен најверојатно ќе се раздели со голманот Јан Зомер само шест месеци откако го ангажираше од Борусија Менхенгладбах. Швајцарецот нема да биде избор број 1 по враќањето на Мануел Нојер и тоа воопшто не му одговара, па затоа сериозно размислува да ја напушти „Алијанц арена“.

Интерес за Зомер има од четири клуба. Го бараат Валенсија, Вилјареал, Лестер и Монако, пишува „Кикер“.

34-годишниот чувар на мрежата сака да игра редовно за да биде и дел од тимот на Швајцарија за ЕП 2024, а тоа нема да биде можно на „Алијанц Арена“. Се очекува Баварците да побараат околу 10 милиони евра за правата на Зомер.

Scroll to Top