Италијанскиот калчолигаш Јувентус го комплетира трансферот на Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а до крајот на оваа недела би можел да го доведе и Мемфис Депај од Барселона.
Агентите на Депај бараат од Барселона тој да биде пуштен како слободен агент, а потоа треба да потпише за Јувентус.
Депај е задоволен од понудата на Јувентус и фактот дека ќе игра за клуб кој ќе се бори за трофеи во новата сезона.