Top Sport

Не може да се откаже – Верати пак начекан со цигара

Еден навивач на Пари Сен-Жермен го „начека“ Марко Верати како пуши цигара во својот автомобил во близинта на тренинг-центарот на францускиот клуб, покажувајќи дека еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на денешницата едноставно не може да се откаже од својот порок.

Верати во видеото позира за фотографија со навивачот, кој потоа го потсетува: „Следниот пат, сокриј ја цигарата“.

Францускиот фудбалски експерт Жулиен Лоренс претходно зборуваше за животниот стил на Верати: „Тој може да оди на забави до 6 часот наутро, да пуши, да пие речиси секој ден. Мислам дека ако го имаше животниот стил на Кристијано Роналдо, којзнае до каде ќе стигнеше“.

Самиот Верати во 2019 во интервју за „Ле паризиен“ го објасни својот избор.

„Играме фудбал, но луѓето некогаш заборават дека сме обични луѓе. Имаме слободни денови да излеземе, да се опуштиме. Но, не ми е грижа, секој има право на свое мислење. Нека ме судат за работите кои ги правам на теренот, но не и за тие надвор од него“, изјави тогаш Верати.

Верати едноставно не може без цигарите

Scroll to Top