Кристијано Роналдо нема година за паметење по неславното заминување од Манчестер јунајтед и потрагата за нов тим, како и неуспехот на Светското првенство со Португалија, но барем има одличен празник, откако неговата партнерка, Георгина Родригез за Божиќ му подари нов „Ролс-Ројс“.
Во видео објавено на Инстаграм профилот на Родригез, таа дава мини-турнеја низ домот на Португалецот, вклучувајќи и Дедо Мраз кој дели подароци – меѓу кои „Ролс-Ројсот“, чанти „Луј Витон“, како и нови велосипеди за децата.
Роналдо, кој е страствен колекционер на скапи автомобили, наводно е пред трансфер во саудискиот клуб Ал-Наср, кој му нуди неверојатни услови – 200 милиони евра по сезона.