Top Sport

Калафјори не му се лути на момчето на Ајакс кое го погоди во глава

Фудбалерот на Рома, Рикардо Калафјори вели дека не го почитува детето кое со топка удри по него во последните минути од мечот против Ајакс по неговото оддолжување на времето, но дека ги сфаќа неговите постапки.

Ајакс пропуштија 1:0 водство и утнаа пенал, за Рома да поведе со 1:2 и во последните минути, додека холандскиот тим бркаше резултат, 18-годишниот Калафјори требаше да изведе аут, но наместо да ја земе првата топка која му беше дадена, потоа доби удар во лице со втората. Иако изгледаше дека во прв момент тој ќе реагира театрално, потоа се конфронтираше со детето.

„Помислив на многу работи во тој момент, но за среќа останав смирен. Да видев мој противник како троши време во таква ситуација и јас ќе бев иритиран. Не го почитувам, но сфаќам зошто го направи тоа“, вели Калафјори.

Scroll to Top