Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични настапи на турнирот во Монастир, Тунис. Тој на експресен начин обезбеди пласман во четврт-финалето откако со максимални 2:0 во сетови (6:2, 6:1) славеше против полскиот тенисер Олаф Пјечковски.
Во четвртфиналната рунда Калин Ивановски за противник ќе го има осмиот носител на турнирот, Французинот Артур Букуле.
Ивановски на претходниот турнир во Монастир стигна до финалето.