Жоао Кансело го посвети својот прв гол во дресот на Барселона на својата мајка, која трагично го загубила животот во сообраќајна несреќа во 2013 година.
Португалецот, кој пристигна во Каталонија од Манчестер сити на позајмица во последниот ден од преодниот рок, го постигна првиот гол за Барса во вториот настап при 5:0 победата. По триумфот, тој објави фотографија на која покажува кон небото со кратка порака.
„Секогаш за тебе, мама. Visca el Barça“, напиша Кансело.