Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи финалниот меч и натпреварот за третото место на Светското првенство да започнат со едноминутно молчење со цел да му се оддаде почит на починатиот Синиша Михајловиќ.
Вчера во Доха беше многу емотивно кога стигна веста дека Синиша Михајловиќ починал на 53-годишна возраст по битка со леукемија. Егзибицискиот натпревар на легендите на ФИФА, меѓу кои беа Гути, Снајдер, Матераци и други, беше прекинат за играчите во чест на Михајловиќ на своите дресови да напишат „Синиша 11“, а потоа првиот човек на оваа организација Џани Инфантино кажи неколку зборови.
Сега целиот свет ќе има можност да му оддаде почит на Синиша Михајловиќ, во пресрет на двата последни натпревари од Мундијалот.