Top Sport

Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Португалија го отвори Мундијалот со триумф од 3:2 против Гана и се наоѓа на првото место во групата, каде претходно Јужна Кореја и Уругвај одиграа без голови.

Еден час беше здодевно, но потоа се отвори мечот. Кристијано Роналдо изнуди и реализираше пенал во 65.минута, но Андре Ајев израмни осум минути подоцна.

Сепак, радоста на Гана краеше многу кусо. Жоао Феликс во 78.минута ја врати предноста за Португалија, а Рафаел Леао две минути подоцна зголеми и на 3:1.

Но, и тоа не беше сѐ. Осман Букари со голот во 89.минута даде надеж дека Гана може да избегне пораз. Сепак, немаше доволно време за да сторат нешто повеќе.

Scroll to Top