Top Sport

Лукас Ернандез се враќа во Европа и ќе биде опериран

Светскиот шампион од СП 2018, Лукас Ернандез, денеска го напушти кампот на француската репрезентација, пренесува „Екип“. 26-годишниот дефанзивец на Баерн Минхен ќе се врати во Европа каде ќе биде опериран.

Ернандез ги скина лигаментите на коленото при победата на „петлите“ со 4:1 над Австралија во меч од групата Д на Светското првенство во Катар. Поради повредата, дефанзивецот нема да може да игра не само до крајот на СП 2022 година, туку и во следните неколку месеци.

Во таборот на Франција ја отфрлија можноста за операција во Доха. Ернандез сега ќе се врати на Стариот континент, каде ќе има неколку дена да избере дали ќе биде подложен на операција во Франција или во Германија.

Scroll to Top