Top Sport

Трета победа по ред во Евролигата за Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжуваат одличната серија откако кормилото на тимот го презеде Душко Ивановиќ. „Црвено-белите“ дојдоа до третата победа по ред во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа Макаби Тел Авив со 69:68. Лоренцо Браун имаше шут за победа за израелскиот тим, но не успеа да погоди.

Претходно, Црвена Звезда имаше водство од 68:62, но сами си ја искомпликуваа ситуацијата.

Првиот период го доби домаќинот со 27:18, а на полувреме замина со седум поени предност. Сепак, Макаби Тел Авив се врати во игра и беше неизвесно до крајот.

Немања Недовиќ беше најефикасен во победничиот ти м со 12 поени, а Лоренцо Браун најдобар на мечот со 23 поени во тимот на Макаби.

Scroll to Top