Top Sport

Клоп за тврдењето за фудбалери од 100 милиони фунти: Понекогаш ќе кажеш нешто што ќе те следи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сврте на шега кога беше запрашан за своите поранешни коментари дека не сака да троши многу пари на само еден фудбалер, бранејќи го своето најново засилување, напаѓачот Дарвин Нуњез од Бенфика.

Зборувајќи во Сингапур пред утрешниот пријателски меч со Кристал палас, Германецот беше потсетен на коментарот од 2016 кога изјави дека не сака да биде во фудбалот ако еден фудбалер чини 100 милиони фунти, тогаш коментирајќи ја сумата која Манчестер јунајтед ја дадоа за (неуспешното) враќање на Пол Погба. Ливерпул даде 85 милиони фунти за Уругваецот Нуњез, но Клоп смета дека пазарот на играчи се сменил од времето кога ја дал таа изјава.

„Кога ќе потпишеш со напаѓач кој носи толку возбуда како Дарвин, тоа е пазарот и таа е цената која мораш да ја платиш. Кажав многу работи во животот кои подоцна ме ‘стигнале’, и тоа покажува колку бргу животот може да се смени“, објасни Клоп.

Нуњез, пак, беше критикуван за слабата игра на првиот меч за Ливерпул, 4:0 поразот од Манчестер јунајтед во Бангкок во вторникот, кога утна празен гол.

„Единствено важно е како јас ќе ја проценам ситуацијата и искрено, не можам да сум посмирен околу неговиот потенцијал и како тој ќе биде остварен. Дали ми се допаѓа да губам со 4:0 од Јунајтед? Секако, не, но не може да се даде оценка на само еден натпревар“, вели Германецот.

Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч

Клоп се „сопна“ на својата изјава: „Каде оди фудбалот со трансфери од 100 милиони евра?“

Scroll to Top