Првиот меч на Лионел Меси за Барселона по трансфер-сагата, се одигра во саботата, кога со 3:1 ги победија Химнастик Тарагона, а Аргентинецот имал интересен дуел со својот верен следбеник, одбранбениот играч на второлигашот, Хавиер Рибелјес.
Рибелјес беше задолжен да го „маркира“ освојувачот на шест „Златни топки“, но Меси не бил воодушевен од однесувањето на дефанзивецот, кој подоцна го откри ова.
„Што правиш идиоту? Ќе престанеш ли да ме клоцаш, серко“, биле зборовите со кои Меси му се обратил на Рибелјес.
"Messi me dijo ‘¿pero qué haces boludo? ¿Querés dejar de darme patadas? que estás todo el rato igual’”.
Javier Ribelles, del Nastic
— Dante Dean (@DanteDean_) September 14, 2020