Лацио веќе нема да можат да го користат својот брендиран авион откако се решиле да не го продолжат контроверзниот договор со бугарската авиокомпанија.
Претседателот на клубот, Клаудио Лотито минатиот ноември гордо објави дека клубот ќе патува со сопствен брендиран авион на мечевите во Италија и низ Европа. Иако прво се тврдеше дека авионот ќе биде користен само од Лацио, подоцна излегоа на површина деталите а договорот – тие го изнајмуваат авионот од бугарската авио-компанија „Тајарнџет“, а авионот ќе се користи и за обични летови. Покрај тоа, италијанските медиуми открија дека се работи за стар авион на германската компанија „Луфтханса“, кој бил „пензиониран“ поради својата старост, пред да биде реновиран од бугарската компанија.
Според „Ла газета дело спорт“, по крајот на едногодишниот договор, Лацио не планира да го обнови договорот, така што ќе продолжат да летаат со чартер летови.
La Lazio perde il suo aereo privato: mancata l'intesa per il rinnovo https://t.co/ppIfhwuZCT
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) October 13, 2021