Штутгарт и Лајпциг ремизираа 1:1 на „Мерцедес – Бенц Арена“ и ги поделија бодовите на стартот од новата сезона во Бундеслигата. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов доби шанса во второто полувреме и одигра околу половина час на овој меч.
Кристофер Нкунку во осмата минута го доведе Лајпциг во водство. Сепак, Штутгарт израмни со голот на Науиру Ахамада во 31.минута од мечот.