Top Sport

Левандовски добива смртни закани во Минхен

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има голема желба да се пресели од Баерн Минхен во Барселона. Тој не ја крие намерата да заигра во Ла Лига, а каталонскиот клуб се подготвува да испрати трета понуда за одличниот стрелец.

Навивачите на Баерн тешко се помируваат со потенцијалното заминување на својот идол, а се отиде дотаму што Левандовски добива дури и смртни закани, поради што не му беше дозволено да го донесе семејството во Минхен на почетокот на подготовките со Баерн, јавуваат медиумите во Полска.

Левандовски е во Минхен од 2014 година, стана „најсмртоносниот напаѓач“ во историјата на Баерн и германската Бундеслига, десетпати беше најдобар стрелец на првенството и има 10 шампионски титули, од кои осум со Баерн и уште две со својот поранешен клуб Борусија Дортмунд.

Scroll to Top