Алисон Бекер и Диого Жота нема да настапат на првиот официјален натпревар на Ливерпул во новата сезона. Ова го откри менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп. В сабота, Ливерпул се соочува со Манчестер Сити во трофејот за „Комјунити Шилд“.
„Алисон тренираше повеќе отколку претходниот ден, но нема да игра в сабота. Го очекѕваме да биде во тимот за мечот со Фулам. На Диого ќе му треба повеќе време за опоравување“, изјави Клоп.
Адријан ќе биде на голот на Ливерпул за првата пресметка со Манчестер Сити во новата сезона.