Top Sport

Ливерпул тргнува по Габри Веига од Селта

Англискиот премиерлигаш Ливерпул покажа интерес за играчот од средниот ред на Селта, Габри Веига. Според „Мундо Депортиво“, раководството на „црвените“ испратило првична понуда за талентираниот играч на Селта, кој минатата сезона во Ла Лига постигна 11 гола и забележа четири асистенции.

Ливерпул на Вега му понудил плата од 5 милиони евра по сезона, сепак, нема намера да ја активира отштетната клаузула која изнесува 40 милиони евра.

Јирген Клоп го доведе Алексис Мекалистер како засилување во средниот ред, но би сакал да има уште најмалку две освежувања во линијата за врска.

Scroll to Top