Фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Даглас Луиз преку Инстаграм ја потврди врската со фудбалерката на клубот, Алиша Леман, откако двајцата објавија фотографија со бакнеж со порака: „Те сакам“.
23-годишната Леман игра како напаѓач во женскиот тим на Вила и е швајцарска репрезентативка која пристигна на „Вила парк“ од Вест хем минатото лето. Интересно, таа претходно беше во врска со фудбалерката на Челси, Рамона Бахман, нејзина колешка од швајцарската репрезентација. 23-годишниот Бразилец Луиз, пак, е фудбалер на Астон вила од 2019 година.