Top Sport

Манчестер Јунајтед го сака Калвин Филипс на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе играчот од средниот ред на Лидс и англиски репрезентативец, Калвин Филипс. Овој трансфер го одобрил и Ерик тен Хаг, кој ќе биде менаџер на „црвените ѓаволи“ од следната сезона.

Лидс Јунајтед за својата ѕвезда бара 50 милиони фунти, а Манчестер Јунајтед е подготвен да плати за реализација на овој трансфер.

Калвин Филипс игра одлична сезона во дресот на Лидс Јунајтед, а неговиот тим до последен момент ќе се бори за опстанок во елитата.

Scroll to Top