Top Sport

Марадона заврши во болница со внатрешно крварење!

Легендата на Наполи и на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона заврши во болница поради внатрешно крварење, објавија аргентинските медиуми.

Според вестите, Марадона завршил во „Клиника Оливиос“ во Буенос Аирес во петокот, откако рутинските тестови покажаа крварење во стомакот. По ова, тренерот на Дорадос, мора да оди на едноскопија, додека неговиот мексикански клуб потврди дека неговиот помошник ќе го води тимот во неговото отсуство.

Овие вести доаѓаат откако од Дорадос беа изненадени од тоа што  Аргентинецот не се појави во клубот и покрај тоа што сезоната во мексиканската втора лига почнува наскоро.

Марадона беше болен и за време на Светското првенство, откако по драматичната победа на Аргентина против Нигерија му го зголеми крвниот притисок и тој мораше да добие медицинска помош на стадионот.

Сезоната почнува, тренерот Марадона никаде го нема!

Луди 90 минути за Диего Марадона на „Крестовски“ (видео)

Scroll to Top