Top Sport

Марко Ројс одби да игра за Германија на ЕУРО

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс направи неочекувана одлука и ја одби понудата на германскиот селектор Јоаким Лев да биде дел од репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство ова лето.

Ројс вели дека ова лето ќе го искористи да се опорави по тешката и напорна сезона.

„По компликуваната, тешка и фала Богу, успешна сезона, заедно со селекторот одлучив да не бидам дел од репрезентацијата за Европското првенство. Ова беше тешка одлука за мене, бидејќи секогаш со гордост сум го носел националниот дрес, меѓутоа по тешката година за мене, потребно е да му дадам на телото време за одмор. Им посакувам на момците и на Јоги многу среќа на првенството и како секој навивач, ќе бидам пред телевизорот“, напиша Ројс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Reus (@marcinho11)

Scroll to Top