Српскиот ветеран, Немања Матиќ и официјално е нов фудбалер на францускиот Стад Рен, откако Рома се реши да го продаде по конфликтот со тренерот Жозе Мурињо.
35-годишниот Матиќ пристигна на „Олимпико“ од Манчестер јунајтед како слободен агент минатото лето, за повторно да работи со Португалецот, кој му беше тренер и во Челси, но односите толку се расипаа што Рома реши да го продаде. Рен платија 3 милиони евра и му дадоа двегодишен договор.
Nouveau portrait sur les murs rennais. 🎨
Nemanja Matić, œuvre Rouge et Noir à admirer jusqu'en 2025. 🖼 pic.twitter.com/OtgRt4HkEv
— Stade Rennais F.C. (@staderennais) August 14, 2023