Француското министерство за спорт предупреди дека „преживувањето“ на фудбалот во Франција е под закана по новиот насилен инцидент во француската елтитна Лига 1 во неделата.
Мечот Лион-Марсеј беше прекинат по само неколку минути игра, откако фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје беше удрен со шише со вода од навивачите на Лион. Паје исто така беше удрен со шише на дербито со Ница во август, во меч кој беше прекинат и одигран два месеци подоцна.
Ленс исто така добија казна откако нивните навивачи влетаа на теренот на мечот со Лил, предизвикувајќи прекин од 45 минути, додека Марсеј добија казна од еден меч без публика откако во октомври нивните навивачи дивееја на дербито со ПСЖ.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерката за спорт Роксана Марасинеану ќе се сретнат со претставниците на Лига 1, но пораката која ја пратија е јасна.
„Дојдовме до заклучок дека овој проблем лигата мора да го реши. Сите треба да сфатат дека зборуваме за опстанокот на францускиот фудбал. Вакво нешто е неприфатливо“, вели Мариснеану.
Француската легенда Тјери Анри, кој го коментираше мечот, побара претстапниците да добијат доживотна суспензија за влез на стадионите.
Француските навивачи надвор од контрола – Паје погоден со шише, прекин на Лион-Марсеј
Луда атмосфера на „Велодром“ – Нејмар изведува корнер под полициска заштита