Тренерот на Рома, „Специјалниот“ Жозе Мурињо беше во посета на кардиналот Жозе Толентино де Мендонса, и во разговор зборуваше за фудбалот и како тој влијаел на неговиот живот.
„Ние сме платени да победуваме. Спортистите се платени да победуваат, и зборуваме за високи перформанси и понекогаш мора да направиш одлуки кои се сурови. За грешките плаќаш. Ако згрешам, ќе платам со отказ. Ако фудбалер згреши, тогаш ќе плати со тоа што нема да игра. Секако, тоа е сурово, но нашата работа не треба да влијае на тоа какви луѓе сме. Се обидувам да помогнам на другите и да бидам и самиот подобар. Не толерирам трошење на талентот, и по 30 години, тоа ми е тешко да го прифатам“, вели Мурињо.
Тој исто така зборуваше за својот раст како личност преку фудбалот.
„Мојата еволуција како личност ја гледам преку фактот што многу години сакав да победувам за себе, а сега сакам да победувам со поголема страст, но не за мене, туку за фудбалерите кои никогаш не победиле. Повеќе ми е важен насмеанот навивач поради победата на неговиот тим, и како неделата ќе му помине подобро“, вели Мурињо.
Mourinho spirituale: "Voglio vincere sempre. Non per me, ma per regalare gioia" #Mou #Roma https://t.co/UbzIedSGeL
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) April 5, 2022