Top Sport

Нејмар се израмни со Пеле – но Бразилците не го признаваат тоа

Нејмар го постигна својот 77. гол во дресот на бразилската репрезентација при поразот на пенали од Хрватска во четврт-финалето на Светското првенство во Катар. Така, тој се израмни со легендарниот Пеле со бројот на голови за „селесао“. Барем така тврди ФИФА. Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) не се согласува и порачува дека Нејмар има „уште леб да јаде“ да ги стигне бројките на Пеле.

Во текот на годините, бројот на голови кои Пеле ги постигнал во својата кариера се „чувствителна“ тема во Бразил, и минатата година беше неизвесно дали Кристијано Роналдо го срушил неговиот рекорд по постигнати голови, бидејќи Пеле тврдеше дека има постигнато неверојатни 1.283 гола во кариерата.

Според ЦБФ и Пеле, тој има постигнато 95 гола во 113 меча за Бразил. Разликата е во тоа што ЦБФ и ФИФА сметаат за официјален меч. Според ФИФА, меч помеѓу две фудбалски нации со сопствени федерации се смета за официјален меч, а Бразилците ги бројат и мечевите кои во 1960-тите и 1970-тите, Бразил ги играше против клубови како Интр и Атлетико Мадрид. Пеле има 18 гола во 22 вакви мечеви.

Интересно, и Нејмар има постигнато повеќе голови во славниот жолт дрес од официјалните 77. Тој настапи на Олимпијадата во 2012 година, кога во 14 настапи имаше 8 гола и го освои златниот медал. Но, според ФИФА, олимписките фудбалски турнири се сметаат за У-23 натпреварувања, а не за сениорски мечеви. На олимписките турнири смеат да настапуваат само тројца фудбалери кои се постари од 23 години.

Пеле не го признава рекордот на Кристијано Роналдо

Scroll to Top