Top Sport

Нема крај на проблемите за Франција: Повреден е и Кингсли Коман

Проблемите во таборот на фудбалската репрезентација на Франција не престануваат, бидејќи денешниот тренинг на тимот го пропушти напаѓачот Кингсли Коман, објави весникот „Л’Екип“.

Фудбалерот на Баерн Минхен заработил повреда на мускулот на загревањето и веднаш се врати во соблекувалната. Медицинскиот штаб на тимот одлучи да го задржи напаѓачот за да не ризикува компликација на повредата.

Коман не стартуваше на отворањето на Светското првенство против Австралија во триумфт од 4:1, но влезе како замена и дури имаше добра можност за гол, но не ја искористи.

В сабота избраниците на Дидие Дешамп, кои се актуелни светски шампиони, ќе играат против Данска во вториот натпревар од групната фаза. Можно е Кингсли Коман да го пропушти натпреварот, но од таборот на „петлите“ се надеваат дека тој сепак ќе биде достапен на клупата за резерви.

Scroll to Top