Top Sport

Роналдо испиша историја на мундијалите и го остави зад себе Лео Меси

Португалија ја совлада Гана со 3:2 во првото коло на Светското првенство. Португалците поведоа во 65. минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал. Роналдо претходно сам го изнуди. Со овој гол Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на пет различни светски првенства.

Португалецот постигна гол во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.

Зад него на оваа листа се Лионел Меси, Мирослав Клосе, Пеле и Уве Зелер, кои постигнале голови на четири различни мундијали. Меси се уште има шанси да го достигне рекордот на Роналдо.

Scroll to Top